Најмоќните жени во светот откриваат: Како владееме со своите империи?
Многу жени управуваат со познати компании, сè поголем е бројот на жени кои заработуваат милиони и се борат против нерамноправноста.
Кога ќе ги прашате како успеваат и која е тајната на нивните империи, ќе ви дадат некој од овие одговори:
Тина Феј - актерка, сценарист, продуцент
„Не ја трошете енергијата обидувајќи се некој на нешто да го научите или да му го промените мислењето. Одете преку, под, низ него и мислењата сами ќе се променат затоа што вие сте главните. Можеби и нема, но кому му е грижа? Правете онака како што мислите дека треба и не се грижете дали на некој тоа му се допаѓа или не.“
Ана Винтур - уредничка на Вог
„Мислам дека она што луѓето најмногу го мразат е неодлучноста. Дури и ако не сум потполно сигурна, се преправам дека точно знам за што зборувам и какви одлуки донесувам.“
Минди Калинг - актерка и творец на хит серијата Mindy’s project
„Тоа што ќе бидам шеф е една од работите на кои најмногу им се радував. Знаете, почнав мислејќи дека ќе имам демократски пристап. На почетокот бев дури и преголем демократ. Едноставно не сакав премногу да коригирам. Тоа беше навистина добро искуство од кое многу научив, помеѓу другото дека секогаш морам да донесувам мои одлуки и да не прифаќам сечие мислење.“
Ким Кардашијан - ријалити ѕвезда
„Кога ќе слушнам како луѓето ми го поставуваат прашањето по што си позната ми доаѓа да им одговорам - сериозно? Имам хит тв серија и снимаме десетици епизоди годишно. На телевизија сум веќе 10 години. Напорно работам и сум во постојано движење. Имам успешна модна линија, линија парфеми. Не е талент само пеењето и актерството. Тоа е способност луѓето да ве засакаат заради тоа што сте, не заради улогите кои ви се доделени.“
Мариса Маер - директорка на Yahoo
„Сфатив дека 2 работи се клучни - се обиколив со најпаметните луѓе кои ме натераа да размислувам на потполно нови начини и направив нешто што одамна не бев подготвена да го направам, само за да научам многу повеќе од тоа.“
Бијонсе - најмоќната жена во музичката индустрија
„Напорно работев за да ја исполнам оваа цел - до својата 30-та година да го правам она што го сакам. И тоа го постигнав. Среќна сум тука каде што сум. Но, многу жртвував и работев многу понапорно од сите кои ги познавам, барем во светот на музиката. Затоа сега морам да се потсетувам дека навистина си го заслужив местото.“