7 животни лекции од Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн - теоретски физичар, филозоф, писател, научник, а воедно и обичен човек кој знаел да ужива во животот.

7-zhivotni-lekcii-od-albert-ajnshtajn-1.jpg

Еве 7 животни лекции од Ајнштајн кои секој би требало да ги следи.

1. Следете ја својата љубопитност

„Ја не сум нешто посебно талентиран. Само сум навистина љубопитен.“

Што ја скокотка вашата љубопитност? Што најмногу ве интересира? Следењето на љубопитноста е тајната на вашиот успех.


2. Упорноста е непроценлива

„Не сум многу паметен: Јас само подолго ги решавам проблемите.“

Подготвени ли сте да издржите се додека не дојдете до целта? Велат дека сета вредност на поштенската марка е нејзината способност да се држи за писмото се додека тоа не стигне. Бидете како поштенските марки, завршете ја трката која сте ја започнале.


3. Фокусирајте се на сегашноста

„Секој човек кој може сигурно да вози додека бакнува девојка, едноставно не му го подарува вниманието кое бакнежот го заслужува. “

Старата поговорка вели не можеме да јаваме два коња во исто време. Ја би рекол, можеме да направиме било што, но не сè. Научете да бидете присутни и да се предадете на она што го работите во моментот. Фокусираната енергија е моќ. Тука лежи разликата помеѓу успехот и неуспехот.


4. Фантазијата е моќна

„Фантазијата е сè. Таа е преглед на сè интересно што доаѓа. Фантазијата е поважна од знаењето. Правиот знак за интелигенција не е знаењето, туку фантазијата. Не дозволувајте нешто толку моќно да лежи заспано. “

Ја користите ли секојдневно фантазијата? Таа однапред ја одредува вашата иднина.


5. Грешeте

„Личност која никогаш не направила грешка никогаш и не се обидела да направи нешто.“

НЕ плашете се да направите грешка. Грешката не е неуспех. Грешките може да ве направат подобри, попаметни и побрзи, ако правилно ги искористите. Ако сакате да успеете, зголемете го бројот на грешки кои ги правите.


6. Живејте во моментот

„Никогаш не размислувам за иднината. Таа и онака доаѓа доволно брзо.“

Единствен начин да направите нешто од својата иднина е да бидете што е можно поприсутни во „сегашноста“. Не можете „сега“ да го промените она што се случило вчера или утре, но од огромна важност е она што можете да го направите СЕГА. Тоа е единственото време кое е битно.


7. Создавајте вредности

„Не трудете се да постигнете успех, туку да бидете корисни.“

Наместо да се трудите да бидете успешни создавајте вредности. Ако сте вредни успехот ќе дојде сам. Откријте ги вашите таленти и дарови и научете како да ги понудите на начин на кои најмногу им одговара на другите.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg