Цитати од познатите кои ќе ве направат горди што сте жена
Многумина веруваат дека модерното време ја намалува вредноста на доброто однесување и секако на жената. Повеќето се под притисок секогаш да изгледаат и да се однесуваат убаво, но кои се стандардите?
Стандардите не наведуваат на ригорозни диети, пластични операции и што ли уште не за да се задоволат барањата.
Меѓу другото, се уште постои борбата за рамноправност во работата, платата и најопшто на половите.
Овие цитати ќе ви ја вратат надежта за модерното време.
1. „Верувам дека е најважно да се прифатиш себе си и да не се оптоваруваш премногу“ - Џенифер Лоренс
2. „Себеси си ги кажуваме работите кои никогаш не би ги рекле на нашите пријатели. Опуштете се.“ - Ејми Полер
3. „Убавината не се мери со конфекциски броеви. Убавината не е број и нема физичка природа“ - Елен ДеЏенерис
4. „Во моментите кога ќе се посомневам во себе си, кога сум изморена се запрашувам: Ако не јас, тогаш кој? Ако не сега, тогаш кога?“ - Ема Вотсон
5. „На моите ќерки секогаш им зборувам дека нема нешто што жената не може да го направи. За нас жените не постојат граници“ - Мишел Обама
6. „Од жените се очекува да се однесуваат и да изгледаат на одреден начин, но јас не верувам во тоа“ - Марина Диамандис
7. „Запомнете го најважното правило на убавината: Кому му е гајле?“ - Тина Феј
8. „Престанете да се оптоварувате со тоа што треба да кажете, а што не. Некој секако ќе ве нарече кучка“ - Ники Минаж
9. „Мојата најголема надеж за иднината се жените кои ги запознавам затоа што сите знаат колку вредат“ - Тејлор Свифт
10. Кога познатата глумица ја прашале дали сака да биде Бондова девојка одговорила: „Попрво би била Џејмс Бонд“ - Анџелина Џоли