15 Древни кинески мудрости: Животот е само мост. Не градете куќа на мост
Секоја мудрост од различни луѓе и народи може да биде добар совет или мото кое ќе ве води во денот или животот. Понекогаш е потребно да слушнете само една реченица и сè да ви се промени.
Древните кинески мудрости порано ги пишувале и ги закачувале на вратите од своите домови за да ги водат такви мисли.
Она што е најдобро е дека ваквите мисли се безвремени и секој може да се пронајде во нив:
1. Ако имаш трпение во еден момент на лутина, ќе избегнеш сто дена тага.
2. Ако сакаш да престанеш да пиеш, гледај како изгледа еден пијаница кога си трезен.
3. Бидете внимателни кога посакувате нешто, може да ви се оствари.
4. Фрлете нешто добро во вода и водата ќе ви го врати повторно.
5. Големата среќа доаѓа од небото, а малата од човекот.
6. Подобро е да ги знаете одликите на непријатели, отколку своите грешки.
7. Животот е само мост. Не градете куќа на мост.
8. И убавите цветови се убави одредено време.
9. Кога богатиот ќе стане сиромашен, тој станува учител.
10. Оној кој ја бара вистината, мора да биде подготвен и да ја поднесе.
11. Мислата е слична на копањето бунар. На почетокот е матно, но полека се разбиструва.
12. Да се мисли не е исто со тоа да сака.
13. Патот од илјада чекори, почнува со првиот чекор.
14. Издржи ги малите загуби и ќе бидеш поштеден од големите.
15. Еден човек е среќен онолку колку што може да ги усреќи другите.