Големиот Ернест Хемингвеј: Среќата кај интелигентните е најретка
Тој е еден од најзначајните американски писатели, нобеловец и добитник на Пулицеровата награда. Авантуристичкиот дух во комбинација со писателскиот талент се она што го прави секој негов збор полн со суштина и егзотика.
Немирниот дух и темпераментот не можел да ги заузди, па решил да ги искористи најдобро.
Учествувал во неколку граѓански војни, бил воен дописник, но и војник. Го пропатувал светот само со 3 работи во куферот: пушка, јадица и машина за пишување.
Денес неговите дела се сметаат за класици, а од нив се издвоени бројни незаборавни цитати.
1. Храброста е гордост под притисок.
2. Најдобар начин за да проверите дали некој е човек од доверба е дали прво вие ќе му поверувате.
3. Секогаш додека си трезен прави го она што го зборуваш додека си пијан. Тоа ќе те научи дека треба да молчиш.
4. Животот на секој човек завршува на ист начин. Единствената разлика е се деталите – кој како живеел и кој како умрел.
5. Среќата кај интелигентните е најретка.
6. Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сè што треба да направиш е да седнеш покрај машината за пишување и да крвавиш.
7. Што се однесува до моралот, единствено што знам е дека морално е она после кое се чувствуваш добро, а неморално е она после кое се чувствуваш лошо.
8. Сите вистински лоши работи почнуваат невино.
9. Единствено нешто кое може да ви го упропасти денот се луѓето. Тие секогаш ја ограничуваат среќата, освен некои кои се добри како да ја носат пролетта.
10. Не постои поверен пријател од книгата.
11. Сите добри книги имаат една заедничка работа – пореални се отколку навистина да се случеле во стварноста.
12. Никогаш не го мешајте движењето со работењето.