Неверојатни, но вистинити факти кои ќе ве изненадат
Во новата книга која ја објавила екипата на квизот „QI“ на чело со Стивен Фрај, постојат дури 1411 неверојатно интересни податоци.
Пред 385 милиони години рибите имале прсти или дека покрај Хитлер и Мусолини и Черчил имале паничен страв од мачки.
На различни теми има многу интересни податоци:
За владетелите
- Клеопатра напишала книга за шминкањето.
- Озлогласениот поздрав „Хајл Хитлер“ е дозволен во Швајцарија сè додека изразува лично мислење на поединец.
- Помеѓу 1908 и 1965 година, Винстон Черчил испил околу 42 илјади шишиња шампањско.
За храната
- Популарните начоси ги измислил човек по име Начо.
- Без лилјаците не би имале текила. Агава, билката која ја опрашуваат лилјаците е главна сировина од која се прави традиционалниот мексикански алкохолен пијалак.
- Авокадото е фатално за коњите кои може да настрадаат ако изедат едно вакво овошје.
- Доколку направите омлет од сите јајца кои годишно се произведуваат во светот, тој омлет би бил со големина на Северна Ирска.
- Во светот постојат 1000 врсти банани, а ние јадеме само една.
- Човечкиот мозок содржи иста количина маснотии како кајмакот.
За животните
- Гепардот може да добие оштетување на мозокот доколку трча со цела сила и брзина подолго од 1 минута.
- Бројот на јазици кои ги зборуваат луѓето е поголем од вкупниот број цицачи на планетата.
- Преку 95 проценти од пајаците кои ги имате дома никогаш не биле надвор.
- На лешинарите им се потребни само 5 часа за мртвото тело да го претворат во скелет.
- Глувците не гледаат црвено светло.
За науката
- Чарлс Дарвин им дозволил на децата да цртаат и чкртаат по оригиналниот примерок на неговата книга „Потекло на видовите“.
- Приказната дека е штетно за очите ако седите многу блиску до телевизорот ја измислил еден продавач на ламби.
- Светот го потресува по еден земјотрес на секои 2 минути.
- Мирисот на свежо искосена трева, билките го сфаќаат како повик за помош.
- Чизмите на Нил Армстронг сè уште лебдат во Космосот.
- Познатиот научник Стивен Хокинг во 2009 година организирал забава на која никој не се појавил.
За Велика Британија
- Околу 56 проценти од британските пилоти признале дека спијат во текот на летото, а дури 29 проценти кажуваат дека кога ќе се разбудат го затекнуваат својот копилот во длабок сон.
- Британската моранрица на разглас ја пуштала песната „Oops I did it again“ од Бритни Спирс за да ги заплашат сомалиските пирати.
- Подолго од еден век девојките vo Британија имаат неспоредливо подобри оценки во училиште од момците.
Интересно
- До 2019 години на планетата ќе има повеќе Лего коцки отколку луѓе.
- Во цел Париз постои само еден сообраќаен знак Stop.
- Имате 20 пати поголеми шанси да доживеете смртна несреќа дома, отколку да добиете лотарија.
- Првиот ден кога во Њујорк не е пријавено ниедно убиство, по 1960 година е 26-ти ноември 2012.
- Луѓето во 90 отсто од случаите препознаваат некоја личност само по начинот на одење.
- Затворениците во Алкатраз секогаш се туширале со жешка вода, за да не се привикнат на климата и да се обидат со пливање да побегнат од затворот.
- Само 11 демократски уредени држави постоеле во 1941 година.
- Постојат само 12 отсто шанси играта „Монопол“ да потрае вечно.
- Спартанците добивале име на погребниот споменик само доколку загинат во битка.