15 животни цитати на највлијателната жена во светот - Бијонсе

Бијонсе пред само неколку месеци беше прогласена за највлијателна жена во светот, по што нејзините цитати и мисли започнаа да добиваат многу поголема популарност.

15-zivotni-citati-na-najvlijatelnata-zena-vo-svetot-bijonse-01.jpg

Таа е борец за женските права или феминист, како што таа сака да се опише, заради што е хероина на жените ширум светот.

Пронајдете ја вашата животна инспирација во некој од овие 20 цитати:

1. „Мора да ги научиме момчињата за рамноправност и почит, за еднаквоста на половите да стане природна работа кога тие ќе пораснат. И мораме да ги научиме нашите девојки дека можат да постигнат сè што ќе замислат.“

2. „Вистинската дива е грациозна, талентирана, силна, бестрашна и храбра, но и скромна.“

3. „Се чувствував дека е време да ја одредам својата иднина, па поставив цел. Мојата цел беше независноста.“

4. „Треба да го промениме начинот на кој се гледаме себе. Ние жените треба да истапиме и да бидеме лидери.“

5. „Ослободувачки е кога знаете што навистина сакате, што вистински ве прави среќни, а што нема да толерирате. Научив дека треба сама да се грижам за себе и дека тоа не е ничија работа.“

6. „Никој нема да ви ја даде моќта. Мора сами да ја зграпчите!“

7. „Не сакам да се коцкам, но ако на нешто се кладам, би се кладела на себе.“

8. „Факт е дека некогаш ќе изгубите. И едноставно не сте премногу добри за да изгубите. Никогаш нема да бидете премногу големи за да изгубите. И никогаш премногу паметни. Тоа едноставно се случува.“

9. „Искрено верувам дека жените не би требало финансиски да зависат од мажите. Да се соочиме со тоа, парите на мажите им даваат моќ да управуваат со светот. Им дава моќ да ги одредуваат вредностите. Тие дефинираат што е секси, што е женствено. Тоа е смешно.“

10. „Да е се совршено, никогаш не би научиле и не би се развивале.“

11. „Претпоставувам дека сум феминистка на модерното доба. Верувам во рамноправност. Зошто би морале да изберете кој тип на жена сте? Зошто морате да носите етикета?“

12. „Не сакам кога се чувствувам сигурно. Секогаш се трудам да одам во спротивен правец од очекуваниот. Кога ќе остварам нешто, одредувам повисока цел. Така и дојдов до овде каде што сум.“

13. „За мене се е во тоа како се носите и како ги третирате другите луѓе.“

14. „Сами ја одредувате својата вредност. Не морате да зависите од некој кој постојано ќе ви кажува какви сте.“

15. „Учам како да избегам од непрестанатата бука која е неизоставен дел од мојот живот. Не морам ништо никому да докажувам. Само морам да го пратам моето срце и да се сконцентрирам на она што сакам да му го кажам на светот. Јас управувам со мојот свет!“

15-zivotni-citati-na-najvlijatelnata-zena-vo-svetot-bijonse-03.jpg

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg