Неверојатни факти за лубеницата: Има ефект на вијагра, а може да биде и жолта

Ништо не може повеќе да нè освежи, разлади и наслади како лубеницата во топлите денови. Слаткиот вкус и сочноста, па и розевата боја се едни од клучните работи кои нè привлекуваат при секое поставување на трпезата.

neverojatni-fakti-za-lubenicta-ima-efekt-na-vijagra-a-moze-da-bide-i-zolta-01

Но, не само што е вкусна и освежителна, лубеницата има и некои други ефекти и својства кои прави да ја засакате уште повеќе.

- Во 150 g лубеница има само 46 калории, содржи и 20 % од препорачаната дневна доза на витамин Ц и 17 % витамин А.

- Богата е со диететски влакна кои се одлични за варење, како калиумот, минералите кои го регулираат крвотокот.

- Јули е прогласен за национален месец на лубеницата.

- Содржи повеќе ликопен од сировиот домат.

- На само 150 g лубеницата има дури 1,5 пати повеќе хранливи материи во однос на големиот свеж домат, поточно 6 милиграми ликопен во однос на 4 милиграми во доматот. Ликопенот помага во борба против срцевите заболувања и неколку врсти рак.

- Сокот од лубеницата ги опушта мускулите.

- Една студија докажала дека доколку пиете сок од лубеница, може да се смирите и да ги опуштите мускулите  по напорното вежбање.

neverojatni-fakti-za-lubenicta-ima-efekt-na-vijagra-a-moze-da-bide-i-zolta-1.jpg

- Спортистите кои консумираат нешто повеќе од 450 ml  сок од лубеница, пред тренингот, имале помало чувство на замор во мускулите и помалку отчукување на срцето во текот на денот.

- Лубеницата содржи природна супстанца цитрулин кој се поврзува со подобрување на функциите на артериите и нискиот крвен притисок.

Некои научници тоа го споредиле со ефектот на вијагра. Но, цитрулинот се наоѓа некаде во зелената кора на лубеницат, па и таа може да се јаде доколку ви е слатка.

- Лубеницата е и овошје и зеленчук.

- Како и повеќето овошки, лубеницата е производ кој се добива со садење и впечатлива е по слаткиот вкус. Но, лубеницата е сродна со тиквата, тиквичката и краставицата, а сите заедно спаѓаат на семејството „Cucurbitaceae“, што ја сместува меѓу зеленчукот.

- Постои жолта лубеница.

- Сигурно тешко ви е да ја замислите лубеницата во поинаква боја од розево-црвената, но постои и жолта. Се нарекува „Yellow Crimson“, чија внатрешност е жолта, а послатка е и од мед.

Тешко се разликува однадвор бидејќи е иста како останатите. Не се знае која од која е поздрава, но вкусот им е фантастичен на двете.

neverojatni-fakti-za-lubenicta-ima-efekt-na-vijagra-a-moze-da-bide-i-zolta-2.jpg

- Содржи дури 91 % вода и тоа е одлично со оглед на тоа колку е лоша дехидратацијата во однос на здравјето.

- Некои студии потврдуваат дека жените кои имаат дури и благо ниво на дехидратација, патат од главоболка, слаба концентрација, замор и променливо расположение, најмногу си ја враќаат формата со лубеница.

Сигурно веќе посакавте пред вас да има една голема, сочна розева лувбеница.

neverojatni-fakti-za-lubenicta-ima-efekt-na-vijagra-a-moze-da-bide-i-zolta-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Факти за Јури Гагарин, првиот човек кој отишол во вселената - Некои веруваат дека е убиен од Советск... Знаевте ли дека Јури Гагарин бил висок само 157 сантиметри? Но, токму ова му пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg