Чудни факти за светски познатите брендови: Знаевте дека Google не е оргиналното име на овој пребарувач?
Со текот на времето имињата и услугите на светските брендови се менувале. Овие брендови се препознатливи за секого од нас, но дали знаете какви биле нивните почетоци?
Секогаш има по некоја чудна приказна зад светски познатите логоа, брендови, слогани. Ова се неколку кои никогаш не сте ги ни претпоставувале:
1. Оргиналното и прво име на компанијата „Google” било „Backrub,” создадено во 1996година. Но, ова име не траело долго, подоцна во 1997 година на 15 септември било променето во „googol”.
2. Логото на брендот „Coca-Cola” го препознаваат дури 94% од светската популација.
3. Мислите дека „Mc Donald’s” започнале со продажба на хамбургери? Грешите, првиот оброк на менито на овој бренд всушност бил „hot-dog”.
4. Внимавајте што кажувате на „Siri.” Сѐ што зборувате се испраќа директно до Apple, се анализира и зачувува.
5. Ретина дисплеите на ајподот се создадени токму од „Samsung“.
6. „Starbucks” во своите локали има исклучиво тркалезни маси за нивните потрошувачи да не се чувствуваат осамени.
7. Просечниот профит на „Walmart” изнесува 1,8 милиони долари на час!
8. Основната боја на „Facebook” е сина бидејќи Марк Цукенберг е далтонист и не ги разликува црвената и зелената боја.
9. Истражување покажало дека 1 од 10 Европејци се зачнати на кревет од „IKEA“