Мора да се обидете, да паднете и повторно да се обидете

Мора да правите тешки работи. Оние што можеби никој друг не ги прави. Работи што ве плашат. Работи кои ве тераат да се прашате уште колку може да издржите.

mora-da-se-obidete-da-padnete-i-povtorno-da-se-obidete-01

Ваквите работи ве дефинираат и одликуваат. Овие работи ја истакнуваат разликата меѓу просечноста и успешноста.

Тешките работи се најлесни за избегнување.

Единствената вистина за тоа како обичните луѓе постигнуваат големи успеси е тоа што тие ги завршуваат тешките работи кои попаметните и поквалификуваните луѓе немаат храброст или мотив за да ги направат.

Ако сакате да успеете без разлика на препреките, мора да направите некои тешки работи:

  • Мора да го остварите повикот од кој се плашите.

  • Мора да се будите порано од она што би сакале.

  • Мора да давате повеќе од она што очекувате да ви се врати.

  • Мора да се грижите за другите повеќе од она што тие се грижат за вас.

  • Мора да продолжите да се борите без разлика колку ви е тешко или сте повредени.

  • Мора да бидете несигурни, дури и кога сигурните чекори се чинат попаметни.

  • Мора да бидете лидери дури и кога никој не ве следи.

mora-da-se-obidete-da-padnete-i-povtorno-da-se-obidete-1

  • Мора да инвестирате во себе дури и кога никој друг не го прави тоа.

  • Мора да изгледате како лудак кога барате одговори кои ги немате.

  • Мора да ги соопштите резултатите, дури и кога имате можност да се оправдате.

  • Мора да барате свои објаснувања дури и кога треба да ги прифатите фактите.

  • Мора да правите грешки и да изгледате како идиоти.

  • Мора да се обидете, да паднете и повторно да се обидете.

  • Мора да трчате побрзо дури и кога едвај дишете.

  • Мора да бидете љубезни кон луѓето кои биле злобни кон вас.

  • Мора да бидете одговорни за своите акции, дури и кога грешите.

  • Мора да продолжите напред, да се движите кон целта, без разлика што има пред вас.

mora-da-se-obidete-da-padnete-i-povtorno-da-se-obidete-2

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg