Необични љубовни мудрости: Љубов со најдолг рок е невозвратената
За тоа дека љубовта не е единствено романтична и прекрасна ни зборуваат искуствата на луѓето. Некои од нив дури донеле и заклучоци како закони и заповеди кои може да ве зачудат ако сè уште сте на почетокот и во најубавите први моменти на заљубувањето.
Оние кои се нашле во слични ситуации можеби и ќе се пронајдат, а оние кои не се заљубени нема да поверуваат додека не ги искусат.
1. Никогаш не се заљубувајте во нечиј глас преку телефон!
2. Никогаш не се заљубувајте во изгледот на некоја личност од зад грб!
3. Никогаш не се заљубувајте во некоја личност на светлина помала од онаа што ви е потребна кога одбирате кошула.
4. Ако ти се случи да се заљубиш само во нечија насмевка, не биди луд па само поради тоа да се венчаш со личноста!
5. Никогаш не се обложувај на оној кој постојано губи, мислејќи дека неговата среќа подоцна ќе се промени.
6. Да се биде заљубен значи дека намерно ја преувеличуваш разликата помеѓу една и друга личност.
7. Секој маж е веќе до пола заљубен во жената која знае да го сослуша.
8. Во вистинската љубов исто како и во реумата, не веруваме, сè додека не нè нападне.
9. Во љубовта треба прво трипати да вдишеш длабоко, трипати добро да размислиш, па дури потоа да ја направиш глупоста која од почетокот имаш намера да ја направиш.
10. Бидејќи кажуваш „Да“, ништо веќе не е исто како порано.
11. Љубов со најдолг рок е невозвратената.
12. Љубовта е како божица: Колку подоцна се појавува, толку полоша е.
13. Љубовта е еднонасочна улица.
14. Љубовта и јајцата се подобри додека се свежи.
15. Има луѓе кои никогаш не би се заљубиле, ако не слушнеле како се зборува за љубовта.