10 цитати кои докажуваат дека уметниците имаат подобар поглед на светот

Уметниците секогаш важат за почудни луѓе кои секогаш го доживуваат светот на различен начин од останатите.

10-citati-koi-dokazuvaat-deka-umetnicite-imaat-podobar-pogled-na-svetot-01

Честопати се и несфатени или отфрлени од околината која е навикната да живее по правила и стандарди кои владеат во општеството.

Сепак, нивните мисли и цитати се длабоки и значајни, а ако ги размислите подобро ќе сфатите зошто можеби нивниот поглед на светот е подобар од вашиот.

1. Работата на уметникот е секогаш да ја продлабочува мистеријата. – Френсис Бејкон, сликар

2. Немој да одиш само онаму каде што те води патеката, оди таму каде што нема патека и остави своја трага. – Ралф Валдо Емерсон, писател

3. Никогаш не сум ги сликала моите соништа или кошмари, ја сликав само мојата реалност – Фрида Кало, сликарка

4. Подобро да умрам од страст, отколку од досада – Винсент ван Гог, сликар

5. Не се плашете од совршенството, никогаш нема да го постигнете. – Салвадор Дали, сликар

6. Ако ме прашате зошто сум дошол на овој свет, јас како уметник ќе ви одговорам дека дојдов за да живеам со полни гради. – Емил Зола, писател

7. Не е важно она во што гледате, туку она што ќе го видите. – Хенри Дејвид Торо, писател

8. Светот на реалноста има граници, светот на фантазијата е безграничен. – Жан Жак Русо, писател

9. Животот ви ја крши душата, а уметноста ве потсетува дека ја имате. – Стела Адлер, глумица

10. Големите работи се прават со помош на бројни мали работи поврзани заедно. – Винсент ван Гог, сликар

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg