Факти за Чак Норис 5 дел
Насловот кажува се. Да почнеме: Американците во 1945 се размислувале дали да фрлат атомски бомби или да го пратат Чак Норис. Се одлучиле за похуманата варијанта.
Целиот Facebook е всушност Myspace на Чак Норис
Чак Норис своите играчки од детството ги ставил во една кутија. Подоцна таа кутија ја нашла некоја Пандора?
Чак Норис добил осмица на лото.
Чак Норис може да поврзе инфраред и блутут.
Чак Норис прв пат удира човек, втор пат леш.
Чак Норис бил со маичка со слика на Бранко на митинг на ВМРО и стоел во прв ред.
Чак Норис го поминал Игманскиот марш во маичка и шорц.
Чак Норис може да остави порака пред звучниот сигнал.
Нон-чаките го добиле името според Чак Норис.
Чак Норис инсталирал Виндоус Виста на Комодоре.
Чак Норис е единствениот бомбаш самоубиец кој преживеал.
Број 1, од Алан Форд, му е внук на Чак Норис.
Чак Норис никогаш не добил Оскар затоа што он не глуми.