Љубов низ 20 цитати на познати автори

Многу уметници, писатели, музичари и големи личности на различен начин ја опишувале љубовта. Секоја има своја перцепција и доживување.

ljubov-niz-20-citati-na-poznati-avtori-01

Од различните искуства произлегле различни чувства кои доведуваат до некој заклучок. Многу од тие заклучоци и искажувања денес ги испишуваме како најважни цитати и правила кои влијаат и на нашите животи.

Знаат да нè утешат или развеселат и да нè натераат да се соживееме и пронајдеме. Зборови што успеваат вистински да ја опишат љубовта во секоја нејзина форма

1. Кога некого го допира љубовта, секој човек станува поет. (Платон)

2. Незрелата љубов вели: „Те сакам, бидејќи ми требаш“. Зрелата љубов вели: „Ми требаш, бидејќи те сакам!“ (Ерих Фром)

3. Што е слободна љубов? – Не постои слободна љубов. Љубовта по дефиниција е ропство. (Тин Ујевиќ)

4. Целото човештво и земјата под него се одржува пред сè благодарение на оние малобројни луѓе кои се во состојба да сакаат. (Владета Јеротиќ)

5. Љубовта не се состои од гледање еден во друг, туку од заедничко гледање во иста насока. (Антоан де Сент Егзипери)

6. Повеќе треба да се плашите од љубовта на жената, отколку од омразата на мажот. (Сократ)

7. Кој очекува само среќа во љубовта, тој не знае ништо за неа. (Перл Бак)

8. Љубовта е еден вид пијанство. Кога некој ќе испие една и уште една чаша, му се отвора апетитот и му се јавува жед. Тогаш не престанува да пие чаша по чаша. (Бранислав Нушиќ)

9. Мажот е љубоморен ако љуби, а жената е љубоморна дури и ако не љуби. (Имануел Кант)

10. Љубовта е подобро да умре, отколку да се мачи да преживува. (Оноре де Балзак)

ljubov-niz-20-citati-na-poznati-avtori-1

11. Кукавицата е неспособна да почувствува љубов. Тоа е особина на храбрите. (Махтма Ганди)

12. Љубовта не постои за да не усреќи, туку за да ни покаже колку можеме да издржиме. (Херман Хесе)

13. Љубовта е партија карти, каде сите лажат. Мажите за да добијат, а жените за да не изгубат. (Алфред Хичкок)

14. Човекот е сакан, ако знае да сака. И ако се предадеме целосно, само тогаш може да бидеме цели. (Мирослав Мика Антиќ)

15. Најмногу лаги има во љубовта, ловот и политиката. (Винстон Черчил)

16. Љубовта доаѓа во влечки, но си заминува со трескање врати. (Френк Синатра)

17. Бакнежот е генијален трик, дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни. (Ингрид Бергман)

18. Љубовта е психичка болест која се лечи со брак. (Артур Букволд)

19. Љубовта не е резултат на сексуалното задоволство, туку сексуалното задоволство е резултат на љубовта. (Ерих Фром)

20. Љубов: Неодолива желба да се биде неодоливо посакуван. (Марк Твен)

ljubov-niz-20-citati-na-poznati-avtori-2

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg