25 совети за подобра 2014 година

Ако досега секоја година поставувавте различни правила и посакувавте промени во животот кои никако да ви успеат, време е да се соочите со некои факти.

25-soveti-za-podobra-2014-godina-01

Оваа 2014 година може да ви биде подобра и поуспешна ако успеете да прифатите некои работи кои ќе ве променат како личност, а со тоа ќе ве натераат и поинаку да размислувате во однос на вашите конкретни желби, потреби и постапки.

1. Веќе не сте деца. Сега сте маж или жена. Навикнете се на тоа.

2. Понекогаш не можете да заштитите некоја личност. Потребно е сама да се заштити. Вие не можете ништо околу тоа.

3. Големината, во секоја смисла, секогаш е озборувана. Што мислат другите за вас навистина не е ваша работа.

4. Очекувај дека сè што правиш или зборуваш ќе ти се врати во некоја форма.

5. Твоите постапки се твои одговорности.

6. Почитувај ги сите живи суштества според нивниот начин и нивниот избор. Почни од себе.

7. Не плачи во јавност. Особено не на работното место. Ти си професионалец, проголтај ги солзите.

8. Истражувај, експериментирај. Биди див! Само внимавај, секогаш има барем една будала околу, обиди се да не бидеш тоа ти.

9. Ако се нафатиш на некоја работа - заврши ја добро!

10. Секогаш одржувај ја смислата за хумор. Ова е само живот. Никој не излегол жив од него.

11. Најдобар начин за да откриеш каква е некоја личност е да видиш како се однесува кон оние кои не можат да ѝ помогнат, не можат да направат да изгледа добро и никогаш нема да може да ѝ возвратат.

12. Лекот за сè е солена вода. Солзи, пот и море.

13. Кармата не постои. Прифати го тоа! Ако постоеше немаше добри работи да им се случуваат на лошите и обратно, лоши работи на добрите. Не се условувај и не се ограничувај себе. Само живеј.

14. Добро, лошо или индиферентно, твоето појавување е прва комуникација со светот и најголем фактор за прв впечаток.

15. Бараш перспектива? Волонтирај!

16. Никогаш, под ниеден услов или со ниедно оправдување, не изневерувајте. Ако не сте задоволни од вашата врска, ставете ѝ крај најскоро што можете. Тоа ѝ го должите и на личноста со вас и на себе.

17. Светот не е само црно-бел. Туку во сите нијанси на сиво и убав е.

18. Само затоа што боли, не значи дека е погрешно. Големите потреби, носат и голема болка.

19. Кренете ја главата. Луѓето одговараат според тоа како вие се поставувате кон нив.

20. Секое искуство е лекција. Секој потежок дел го зацврстува вашиот карактер.

21. Не жалете секогаш за грешките.

22. Ќе го добиеш она што го посакуваш. Постави си стандарди.

23. Отфрли ги од својот живот луѓето кои те нервираат или ти пречат. Опкружи се со позитивни луѓе и оние кои ти значат.

24. Поминете време сами. Читајте, пишувајте, сликајте. Музиката и вежбите лекуваат.

25. Не треба да се каете за сите грешки. Некои биле неопходни и добри.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg