Чудни факти кои не ги знаете
Можеби за некои од овие факти веќе имате нешто наслушнато или ви звучат познато, но овде ви ги откриваме точните информации кои навистина може да ве зачудат.
Дознајте ги најлудите работи кои можеби ќе ви бидат неверојатни , но сепак се вистинити и за нив постојат докази.
Јастогот храна за сиромашни
Пред крајот на 19 век јастогот се сметал како храна за нискиот сталеж, едвај достојна и за затворениците. Причина за тоа била неговата подготовка во која најпрво се вари, се посолува, се сечка и се користи како ѓубриво.
Компјутерот на Аполо 11
Компјутерот со кој бил управуван Аполо 11 при првото слетување на Месечината имал само 64 KB меморија и процесор кој работел на 0.043 MHz. Тостерот кој има копчиња само за вклучување и исклучување има посложени функции од тој компјутер.
На пребарувачот Google секојдневно се пребарува нешто ново. Неверојатни 16 отсто од пребарувањата се поими кои никогаш претходно не се побарани.
Караоке
Поимот „караоке“ е јапонски збор кој значи празен оркестар (кара = празен, оке = оркестар)
Ноќното небо е минато
Кога го гледаме ноќното небо, всушност го гледаме минатото. Гледате толку далеку во минатото, колку што ѝ треба време на светлината да дојде до вас. Светлината патува со брзина од околу 300.000 километри во секунда, а најблиските ѕвезди се оддалечени околу 5 светлосни години од Земјата. Млечниот пат се состои од околу 100 до 400 милијарди ѕвезди а во видливата вселена постојат околу 170 милијарди галаксии.
Бесмртни медузи
Медузите Turritopsis nutricula кои живеат на разни места во светот, од Јапонија и Шпанија до Панама, се познати како бесмртни медузи бидејќи имаат постојана моќ за регенерација и менување на формата кога се во смртна опасност.
Чудото на обичниот молив
Обичен молив може да повлече линија долга околу 56 километри. Моливите можат да пишуваат и под вода и во бестежинска состојба.