Инспиративни мисли на Лејди Гага
Лејди Гага е позната по својот уникатен и невообичаен изглед на сите свои јавни појавувања. Но зад чудните маски, облеката и целиот шоу-биз, стои интелигентна жена со големо срце која може да ве инспирира со своите мисли кои се произлезени од нејзиното искуство и животни лекции.
Мисли кои навистина може да ви го направат денот, да ви дадат храброст, сила и мотивација за да ги остварите своите замисли без разлика на сè.
„Ако немате сенка, тогаш не стоите во центарот на светлината“
„Секогаш фантазирав и замислував дека можам да бидам повеќе од она што бев, очигледно пораснав и се претворив во таа личност, што е повеќе од секоја претходно.“
„Нема да се откажам од мојот живот. Јас сум борбена кралица која живее страсно.“
„Заборави на сета твоја несигурност, на сите лоши коментари, на сите неверувања и потценувања, запомни дека ти си ѕвезда и ти си родена за тоа што го сакаш.“
„Мора да бидете уникатни и различни за да блескате на свој начин.“
„Не сакам да бидам сама засекогаш, но можам да бидам сама кога ќе посакам“
„Ако си силна и храбра жена, не ти треба ничија дозвола.“
„Секогаш е погрешно да мразиш, но никогаш не е погрешно да сакаш.“
„Дури и целиот свет да ти го сврти грбот, секогаш ќе се имаш себе.“
„Некои жени одбираат да ги следат мажите, а некои одбираат да ги следат нивните соништа. Ако се прашуваш по кој пат да одиш, запомни дека твојата кариера нема никогаш да се разбуди и да ти каже дека веќе не те сака.“