Некои неуспеси се во ваша корист

Зборот неуспех честопати погрешно се интерпретира. Ако сте доживеале неуспех, не значи дека не сте успеале. Неуспехот значи дека не сте искористиле одредена ситуација, но дека сте добиле прилика да научите нешто на патот до успехот.

nekoi-neuspesi-se-vo-vasa-korist-01

Најголема разлика меѓу успешните и неуспешните луѓе не е во тоа колку често доживуваат неуспех, туку колку пати се обидуваат.

Успешните луѓе се креваат секојпат одново, испробувајќи нови опции и тактики додека не пронајдат некоја која функционира.

Како неуспехот да го претворите во успех?

1.Учете од своите грешки

На неуспехот гледајте исклучиво како на прилика да се поправите и подобрите . Секојпат кога ќе доживеете неуспех поставете си две прашања: Што направив добро? и Што ќе направам следниот пат подобро? После тоа применете го своето ново знаење.

2. Верувајте во себе

Томас Едисон, кој се дури после 1000 обиди успеал да направи сијалица, верувал во себе и можел да им биде инспирација на сите. Ако знаете дека ќе успеете, тогаш сигурно тоа и го сакате.

3. Секогаш преиспитувајте ја својата интуиција

Кога наидувате на препреки гледајте на нив како на одлична прилика за учење, усовршување, подобрување... Секоја препрека нуди многу можности за физички и психички раст. Сепак, не морате секојпат да ги совладувате. Размислете добро, во крајна линија колкава корист ќе имате од совладувањето. Ако не е вредно за вашиот труд, тогаш не треба да се форсирате.

4. Обидете се повторно

Најважна лекција која треба да ја совладате е дека никогаш не треба да се откажете. Ако нешто имате како ваша цел тогаш не е важно колку пати не сте успеале, на крајот ќе се смета само оној пат кога сте успеале. Успехот не е конечен, а неуспехот ви дава прилика за поправка и нов обид.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg