10 најинтересни факти за мачињата
Мачките од една страна се приврзани и мили, а од друга страна претставуваат стравови и трепет за малите глувчиња. Елегантни се и често знаат да го привлечат вниманието со своите чудни пози.
За некои мачката е идеално домашно милениче кое е независен пријател, без посебни потреби, а истовремено е приврзана за семејството во кое се чува, сака да си игра и да се гали. Има уште неколку интересни факти за овие животинчиња:
1. Мачките сакаат да спијат од 12 до 15 часа.
2. Често се сметаат за ноќни животни, бидејќи тогаш се најактивни.
3. Древните Египќани многу ги почитувале мачките. Секој што ќе убиел мачка случајно или намерно, добивал смртна казна, сопственикот си ги бричел мустаќите, а мачките се мумифицирале.
4. Најпопуларна чистокрвна мачка е персиската, а по неа е сијамската. Сепак најмногу има мешани видови мачки кои живеат подолго од чистокрвните.
5. Се смета дека мачките повеќе ја користат едната предна шепа, исто како што луѓето ја користат едната рака, повеќе од другата.
6. Мозокот на мачките и по изглед и по структура е многу посличен со човечкиот отколку со кучешкиот. Делот за памтење, емоции и приврзаност им е идентичен со човечкиот.
7. Мачката не чувствува слатка храна. Нивното сетило за вкус е многу помалку развиено од сетилото за мирис. Замрзнатата храна може да не ја јадат, бидејќи не го чувствуваат нејзиниот мирис.
8. За време на шпанската инквизиција папата Иноцент Осми наредил да се погубат сите мачки бидејќи сметал дека се во договор со ѓаволот. По нивното погубување се намножил бројот на стаорци со што се заканувала епидемија.
9. Повеќето луѓе знаат дека кучето Лајка било во Вселената. Но, дали знаете дека и француската мачка Фелисити е испратена во Вселената во 1963 година со вклучени електроди на мозокот за да испрати сигнали на Земјата.
10. Научниците веруваат дека во дивините мачките преживуваат без да пијат вода со тоа што надоместуваат јадејќи сирово месо. Домашните мачки потекнуваат од пустински предели и генетски се навикнати да не трошат вода.