Вредноста на пријателството низ поговорки
Сите имаме пријатели и знаеме дека не би можеле без нив. Токму од многуте примери за вистинското пријателство, сите кои имаат добри пријатели или кои изгубиле некој пријател ќе се пронајдат во овие мисли.
- Пријателството е љубов без крилја. (француска поговорка)Пријателството не се одбира, тоа едноставно се случува. (Меша Селимович)
- Пријателството е иста душа која живее во различни тела. (Аристотел)
- Поранешен непријател е полош од најлошиот непријател. (руска народна поговорка)
- Раната која може да ти направи пријател, никогаш не зараснува целосно (кинеска поговорка)
- Пријателството е најтешко да се објасни. Не се учи во училиште, но ако не ја знаеш вредноста да се има пријател, тогаш не знаеш ништо. (Мухамед Али)
- Во некои животни ситуации потребно е само да бидеш во близина на пријателот и да молчиш, бидејќи зборовите може да ја отворат раната. (Балзак)
- Пријателите ве прават среќни, а несреќите само го проверуваат пријателството. (Сенека)
- Постојат три видови пријатели: пријатели кои те сакаат, пријатели кои повремено се грижат за тебе и пријатели кои всушност те мразат. (германска поговорка)
- Пријател е оној кој можете да го повикате во 4 часот наутро и кому му е важно што ви е потребно. (Марлен Дитрих)
- Сите ние некогаш сме се сретнале со нечиј поглед и сме почувствувале препознавање кое би можело да биде зачеток на пријателство. Но, светлото се променило, поминало некое возило, не раздвоила толпа луѓе и никогаш не сме дознале што можело да се случи. (Пем Браун)
- Каква корист од оние на кои треба да им се обраќате со избрани зборови? (Елизабет Бибеско)