30 Работи кои потешко ги правите по 30-тата година

Вакви промени во навиките, интересите и дневниот ритам не важат за оние кои успеале да ја задржат својата форма и начин на живот и по 30-тата година. Но, тоа се веројатно многу помалку од останатите.

30-raboti-koi-poteshko-gi-pravite-po-30-tata-godina-01

Некои ќе се согласат, некои не, но наше е да ви ги претставиме фактите кои се сигурни знаци дека немате баш дваесетина години и не е баш сè исто. Ваше е дали ќе си признаете.

Што е тешко по 30-тата година?

- Да се остане буден, присутен и заинтересиран после полноќ.

- Да се издржи ритамот на ноќните излегувања во сабота и во недела.

- Со возбуда и внимание да ги следите музичките настани и доделувања награди.

- Да влезете во костумот за капење кој бил хит во дваесеттите

- Да правите планови за во недела, бидејќи секогаш излегува некоја свадба.

- Да бидете сконцентрирани и средени во денот кој следи по ноќна пијанка. Уште потешко ви е ако немате аспирин иако треба  порано да заминете од работа

- Не можете да ги пронајдете на Фејсбук своите пријатели од средно или факултет бидејќи или го смениле своето презиме по свадбата или имаат целосно поинаков изглед и многу повеќе килограми на сликата што ја гледате.

- Не уживате со иста мера во омилената музичка листа што сте ја слушале пред 10 години

- Потешко остварувате нови пријателства. Сетилата ви се поизострени и потешко прифаќате критики.

- Тешко е да се биде `сингл` а да не се чувствувате по малку чудно или поинакво.

- Не можете да се воздржите од искажување на личниот став. Нема од што да се плашите.

- Не можете да јадете сè што ќе ви дојде при рака, а тоа да не се види на вашето тело.

- Тешко закрепнувате  од неспиена ноќ. Тоа закрепнување може да трае и два дена.

- Сè потешко е да поминувате време со луѓе кои ви се само симпатични и драги. Сега се бара нешто повеќе од убавината.

- Потешко одвојувате пари за патувања. Мора да оставите нешто и за `црни дениови`.

- Тешко е да се спротивставите на убедувањата дека треба да вдомите куче или маче.

- Покрај редовната работа, работите и хонорарно.

- Ги следите модните трендови- сега сакате да истакнете дека имате свој оформен личен тренд.

- Тешко ги криете брчките околу устата, а уште помалку оние на челото

- Да ја поминете вечерта во некој клуб. Не, сега ресторанот ви се чини како подобра идеја.

- Потешко им се спротивставувате на родителите. Како поминуваат годините сè повеќе ги сфаќате.

- Сè повеќе размислувате со мозокот отколку со срцето.

- Да ја убедите околината дека сте потполно нормални.

- Да стоите на концерти.

- Сè потешко ви е да слушате панк.

- Со пријателките да организирате пробување гардероба и луд шопинг.

- Мажите да прифатат изненаден повик за играње мал фудбал, без претходно подготвени лекови против воспаление на мускули и зглобови.

- Сè потешко е да пиете кафе со пријателите, а да не го спомнете поимот `проблем`.

- Да ги сокриете белите влакна.

- Да се сетите на нешто од вчера

- Да направите нешто онака, спонтано без план и без цел.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg