Марфиеви закони од секојдневието (2)
Ако ви недостасуваше уште некој Марфиев закон за добар почеток на денот, овие болно вистинити закони ќе ве насмeат барем на некоја минута. А, ако сте убедени дека сте малер и Марфи постојано ве следи, не го пропуштајте и првиот дел.
- Големите идеи никој не ти ги памти, а глупавите изјави никогаш не ти ги забораваат!
- Ако нешто може да појде погрешно, најверојатно ќе појде!
- Ако изгледа дека сè оди добро, очигледно немаш предвидено нешто!
- Личноста пред тебе во редот во банка, ќе ја има најкомплицираната можна трансакција!
- Кога носиш нови обувки за прв пат, сите ќе згазнат на нив!
- Ако вистината е во твоја полза, никој нема да ти верува!
- Документот кој го бараш е секогаш на дното на најголемиот куп!
- Секогаш кога ќе ставиш предмет на „безбедно место“, нема да го видиш повеќе!
- Марфиев закон за термодинамика: Нештата стануваат полоши под притисок!
- Постојат само два вида фластери: оној што не може да се залепи и оној што не може да се одлепи!