Марфиеви закони од секојдневието
Сте се запрашале кои се најинтересните Марфиеви закони кои секојдневно ни се случуваат, а понекогаш и не ги забележуваме?
- Секое тело потопено во када предизвикува ѕвонење на телефон.
- Веројатноста да сретнеш личност која ја познаваш е поголема кога стоиш со некој со кој не сакаш да бидеш виден.
- Предметите се уништуваат пропорционално со нивната вредност.
- Што и да барате, ќе го пронајдете на последното место на кое ќе побарате.
- Кога автомобилот ќе го паркирате на 2 километри од местото каде што треба да влезете, во моментот кога ќе стигнете до влезот ќе се ослободат најмалку 4 места.
- Колку што повеќе ви се брза на шалтер, толку повеќе службеникот е побавен.
- Другиот ред, во кој не сме застанале да чекаме, секогаш оди побрзо.
- При промена на редот, оној првиот автоматски се убрзува.
- Головите се даваат во моментот кога ќе ја свртиш главата и некого ќе опоменеш да се стиши.
- Секогаш прв заспива оној кој ‘рчи.