Им благодарам на сите кои...
Им благодарам на сите кои ме лажеа – ми ја покажаа вредноста на вистината.
Им благодарам на сите кои не веруваа во мене – ми дадоа сила да можам да поместам и цела планина.
Им благодарам на сите кои ме изневерија и кои ги злоупотребија моите чувства – направија да се разбудам.
Им благодарам на сите кои ме повредија – ме научија да ја победам болката.
Им благодарам на сите кои ме искористија и прелажаа – ме научија да останам ладен.
Им благодарам на сите кои ме заборавија – ме научија да најдам сила во самотијата.
Им благодарам на сите кои ме потценија – ми ги покажаа моите силни страни и мојата издржливост.
Им благодарам на сите што ги исмеваа моите цели – ме направија уште поамбициозен.
Им благодарам на сите кои ја изневерија мојата доверба – ме направија повнимателен.
Им благодарам на сите кои се нарекуваа пријатели и кои никогаш не беа вистински пријатели – ми покажаа што не треба никогаш да направи еден пријател.