20 цитати на вечниот Иво Андриќ
Иво Андриќ (9 октомври 1892 – 13 март 1975) е бивш југословенски новелист, писател и добитник на Нобелова награда за литература во 1961 година.
Познат е по безвременските мудрости врзани за животот кои ги цитираат генерации после неговата смрт и кои ќе ја задржат својата вредност засекогаш.
„Болестите се судбина на сиромашните и казна на богатите.“
„Најдобро ќе запознаете некого, ако го набљудувате како се однесува кога се дели нешто бесплатно.“
„Оној кој не знае да сака, не е ни способен да ја почувствува големината на туѓата љубов, ни силата на љубомората, ни опасноста која се крие во неа.“
„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку ни недостасува.“
„Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а ку*вата ќе се обогати.“
„Убавата душа подлабоко липа.“
„Љубовта, ако е искрена и длабока – лесно простува и заборава.“
„Мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и без временски луѓе.“
„Младоста е среќна доба во која човекот почнува да верува во себе, а се уште не престанал да верува во другите.“
„Многумина го постигнуваат она што го сакаат, а при тоа се губат себе.“
„Можеби на почетокот имало други мотиви, но денес царува стравот. Од страв се луѓето сли, сурови и подли; од страв се дарежливи и добри.“
„Ништо повеќе не ги зближува луѓето, од среќно преживеана несреќа.“
„Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне.“
„Раната која ја криеме бавно и тешко заздравува.“
„Секој вистински живот е убав и тежок.“
„Во земјата на омразата најмногу е омразен оној кој не знае да мрази.“
„Заразна е и разорна моќта на лагата.“
„Жената стои како капија, на влез и излез од овој свет.“
„Животот ни го враќа она што им го даваме на другите.“
„Животната сила на еден човек се мери, покрај другото и според неговата способност да заборави.“