Зошто е супер да си во брак?
Ако само на момент посакате да бидете сами, без семејство, партнер и обврски, подобро би било да размислите уште еднаш. Можеби тоа што сте сами ви е предност во смисла на слободата која ја имате, но до кога ќе се задоволувате исклучиво со минливи нешта?
Ова се најдобрите 30 причини зошто е одлично покрај себе да се има доживотен партнер\ка:
1. Покрај вас ја имате личноста со која планирате да остарите.
2. Сексот со текот на годините станува сè подобар.
3. Вашиот најдобар пријател е секогаш покрај вас.
4. Секогаш имате некој кој ќе ве загрее кога температурите се ниски.
5. Бракот е тим од двајца кој секогаш победува.
6. Најдобриот пријател ви е воедно и љубовник.
7. Мажите во брак според некое непишано правило секогаш заработуваат повеќе.
8. Конечно ќе уживате во “небезбеден” секс.
9. Сексуалните експерименти се секогаш добредојдени, без срамење или предомислување.
10. Покрај вас имате некој кој безрезервно ве сака и покрај вашите недостатоци.
11. Не морате сами да одите на свадби или родендени.
12. Финансиски сте појаки кога сте двајца.
13. Имате посебни датуми кои ви значат само на вас двајца.
14. Луѓето во брак се помалку склони кон депресија.
15. Секогаш имате некој до вас кој ќе ви помогне кога ви е лошо.
16. Секогаш имате поддршка за остварување на целите.
17. Ако имате деца, дупло сте појаки.
18. Секогаш имате со кој да одите на одмор или барем излет.
19. Да бидеш во брак е совпаѓање на желбите на две личности, а тоа е вистинска реткост.
20. Партнерството е незаменлива утеха.
21. Кога се досадувате, се досадувате заедно.
22. „Во добро и во зло“ звучи сјајно и ве тера да се чувствувате сигурно.
23. Меѓусебното надополнување е одлична работа.
24. Можете да си кажете сè што ќе ви падне на памет, без некој да ви замери.
25. Секогаш покрај себе имате некој кој ќе ви ги истрпи и најстрашните хирови.
26. Денот за заљубените може да го прославите кога и да посакате.
27. Секогаш постои некој кој ќе ве изненади со утринско кафе или чај.
28. Емоционалната поддршка е непроценлива.
29. Единственото правило во бракот: Вредноста на поклонот е ништо во однос на тоа дека се сетил\а на вас.
30. Кога сте тажни, секогаш имате рамо за плачење.
Нешто да додадете?