За сите љубители на пивото
13. Девојчињата од 8 до 10 години за време на старите Инки џвакале пченка и го плукале во големи котли полни со топла вода, од што по неколку недели настанувало пиво.
14. Најстара пивара е Bayerische Staatsbraueire Weihenstephan, основана во 1040 година.
15. Најскапо пиво е Vielle Bon Secours. Едно шише чини околу 1.000 долари, а се продава само во Лондон.
16. Една дамнешно истражување покажало дека од умерени количини на пиво холестеролот е во најдобар ред, со што е намален ризикот од срцеви заболувања, а функцијата на мозокот е подобрена.
17. Секоја флаша пиво ја намалува можноста од настанување на камен во бубрезите за 40 проценти.
18. Пивото ја штити косата и ја подобрува апсорпцијата на калциумот.
19. Производството на пиво некогаш е сметано за неверојатно важна работа за жената, а во Перу само најубавите и највлијателните жени можеле да ја избираат таа работа.
20. Во 19 век мајките доилки морале дневно да испијат барем 7 кригли пиво бидејќи тоа се сметало дека е одлично за млекото.
21. Во Египет некогаш постоел закон со кој на мажите им било забрането да произведуваат или продаваат пиво.
22. Исто така, вавилонските жени можеле да бидат удавени доколку послужеле лошо пиво.
23. Најмногу пиво по жител се пие во Чешка, а следни се Кина и САД.
24. Првите лименки пиво се произведени во 1935 година, а пиварите кои ги направиле ги рекламирале како „пиво за носење.“