За сите љубители на пивото
Дури и најискусните пивопијци може да останат изненадени до овие 24 факти кои досега не ги знаеле. Затоа, не пропуштајте да дознаете нешто повеќе за вашиот омилен пијалок.
Можеби на следната средба со вашите пријатели, додека пиете пиво ќе им раскажете нешто ново и интересно за него. Во секој случај, ова се 24те факти кои вреди да се знаат.
1. „Пивото е доказ дека Бог не сака“ изјавил Бенџамин Френклин.
2. Житологија е наука за пивото и неговото производство.
3. Најстариот пишан доказ за производство на пивото е стар околу 5.000 години и е напишан на камена плоча во облик на песна.
4. Најстарата реклама за пиво има голема сличност со денешните – иако настанала 4.000 години пред раѓањето на Христос, прикажува жена со големи гради која држи два пехари и тврди: „Пијте Ебла пиво - пиво со срце на лав.“
5. Први професионални пивари биле жените.
6. Билката хмељ од која се добива пивото е од истото „семејство“ како и марихуаната.
7. Првиот пијан возач е забележан уште во староегипетската митологија. Легендата раскажува за кочијаш кој пијан ја прегазил слугинката на божицата Хатор.
8. Кога британските пивари одлучиле да го однесат пивото до Индија, откриле дека пивото се расипува за време на патувањето. Затоа, додавале по малку алкохол за време на патувањето кој помага да се сочува вкусот. Така настанало посебното Индиско светло пиво.
9. Постојат повеќе од 400 видови на пиво, а најголем број регистрирани се во Белгија.
10. Ценосиликофобија е страв од празна пивска чаша.
11. Пивото ги содржи сите минерали кои се потребни за преживување. Во средниот век дури и децата пиеле пиво за да го преживеат гладот кој го чувствувале.
12. Плугот, точакот и наводнувањето се измислени за поголемо производство на пиво.
Уште 12 на следната страна...