Неколку интересни зимски факти
Иако календарски има уште цел месец, а сезонски полека, полека ни пристигнува, зимата е годишно време во кое сите уживаме.
Во прилог се неколку факти за зимата:
Уххх, тоа е ладно.
Најниската измерена температура е -128 степени Целзиусови, во станицата Восток на Антарктикот во 983 година.
Црниот мраз е најопасен
Црниот мраз се смета за најопасен од сите, бидејќи од една страна не е јасно видлив (дури некогаш и нема да го забележите), а од друга страна е најтенок и најлизгав.
Снегулките не се исти
Снегулките започнуваат да се формираат како мразни кристали околу мали парчиња прашина во воздухот. Како што паѓаат на земјата, овие кристали се соединуваат и формираат снегулки. Обликот на секоја снегулка се формира според температурата, ветерот и времето додека таа паѓа на земја.
Најголемата снегулка
Според Гинисовата книга на рекорди, на 28 јануари, 1997 година, е забележана најголемата снегулка на светот во Горд Ког, Монтана, САД. Таа била долга дури 38 см и дебела 20 см.
Највисокиот Снешко на светот
Највисокиот Снешко е направен во Мејн, САД, а локалните мештани го планирале 5 месеци. Овој Снешко, направен во 1999 година, бил висок неверојатни 34 метри.
Чионофобија – страв од снег
Дали знаевте дека постои и страв од снег? Една од главните компоненти кај овој страв е идејата дека ќе останат затрупани. Од ваков страв може да се јави ладно потење, напади на паника, итн.