Порака во шише
Ако сте љубител на делата на Николас Спаркс, и сте ја читале „Порака во шише“ сигурни сме дека ќе се сетите на ова делче.
Ние веруваме дека е доволно добро и вредно да се сподели со сите вас:
„Ако откриеш нешто што е во состојба да ти го парализира цело тело, најдобро е да се обидеш за тоа да дознаеш што повеќе. Ако едноставно го занемариш тоа чувство, никогаш нема да дознаеш што можело да се случи, а тоа е, во секој случај полошо отколку да откриеш дека си згрешил на самиот почеток. Зашто ако си згрешил можеш да одиш понатаму во животот не обѕирајќи се назад и не прашувајќи се себеси што можело да се случи.“
„Во светот што ретко кога можам да го разберам, постојат ветрови на судбината кои дуваат кога најмногу ги очекуваме. Понекогаш тие имаат сила на урагани, а некогаш само ќе не погалат по образот. Во секој случај, не можеме да негираме дека тие постојат, затоа што често ни ја носат иднината која не можеме да ја избегнеме.“