Омилените цитати од Чарлс Буковски
Стилот на пишување на Чарлс Буковски има влијание врз современите автори и често пати е имитиран.
Тој е роден во Германија, каде ги поминал првите две години од животот, по што неговите родители одлучиле да се преселат во Лос Анџелес, САД.
Живеел тежок и комплициран живот, со безброј семејни проблеми, под континуирано психичко и физичко малтретирање од страна на сопствениот татко.
Во прилог се неколку негови цитати кои ги одвоивме за вас:
- Чувајте се од оние кои секогаш бараат друштво, тие се никој и ништо кога се сами.
- Ми беа потребни децении додека конечно не научив како да кажам „НЕ“!
- Многу често, единствен излез од сè е спиењето.
- Не сакам затвори, имаат решетки на погрешна страна.
- Тие ми се смееја мене затоа што сум поразличен, а јас им се смеев на нив затоа што се сите исти!
- Најди го она што го сакаш и пушти го да те убие.
- Доволно е тешко да се обидуваш да бидеш она што си, замисли со сета сила да се трудиш да бидеш некој кој не си.
- Пази се од оние кои брзо ти делат пофалби, имаат потреба пофалбите да им ги возвратиш уште побрзо.
- Ако сакаш да знаеш каде е Господ, прашај пијаница.
- Феминизмот постои за грдите жени да можат да се интегрираат во општеството.