Неколку големи мисли
Некој повторно правел интересни анализи и успеал до дојде до интересни заклучоци. Ќе ве насмеат, но и ќе извлечете поука. Проверете ги самите...
1. Ако имате премногу отворен и слободен ум - ќе ви испадне мозокот.
2. Не грижете се за тоа што мислат луѓето - тие ретко го прават тоа.
3. Одењето во црква не ве прави верник, исто како што стоењето во гаража не ве прави автомобил.
4. Не се фармерките оние кои ви го прават задникот да ви изгледа голем.
5. Вештачката интелигенција неможе да се спротистави на природната глупавост.
6. Ниту еден доказ не ја поткрепува тезата дека животот е озбилен.
7. За секоја акција постои за и спротивна владина програма.
8. Ако личите на сликата од пасошот, веројатно ви е потребно патување.
9. Совеста е она што боли кога сите останати делови се чувствуваат фантастично.
10. Мажите се од Земјата и жените се од Земјата. Помирете се со тоа.
11. Никој никогаш не бил застрелан додека миел садови.
12. Средовечност е кога ширината на умот и на струкот си ги заменуваат местата.
13. Пропуштените прилики се секогаш подобри од оние остварените.
14. Секогаш постои една будала повеќе отколку што сте сметале.
15. Искуството е преубава работа. Ви овозможува да ја препознаете грешката кога ќе ја повторите.
16. Немој да тежиш повеќе од својот фрижидер.
17. Некој кој размислува логично е убав контраст на реалниот живот.
18. Ако морате да бирате меѓу две зла, изберете она кое не сте го пробале.