Зошто денес е подобро да си жена?
Веројатно на спротивностите меѓу мажите и жените им нема крај. Ние секогаш се трудиме да ја објавиме хумористичната страна на ваквите гледишта...
...без да навредиме ниту припадници на женскиот ниту припадници на машкиот пол.
Денес на менито се неколку тврдења со кои жените објаснуваат зошто е подобро да си жена во денешно време:
- Ние сме понежниот и поубавиот пол.
- Мажите секогаш ни се извинуваат со цвеќе и чоколадо.
- Живееме подолго од мажите.
- Само ние го знаеме вистинскиот одговор на прашањето дали големината е важна.
- Имаме адути за избегнување на казни за пребрзо возење или погрешно паркирање. Мала доза на кокетирање или неколку солзи прават чуда.
- Последиците од бурната ноќ и лудата забава можеме успешно да ги прикриеме со пудра и руменило и повторно да изгледаме беспрекорно.
- Имаме поголема толеранција на болка, иако мажите сакаат да го мислат спротивното.
- Секогаш имаме изговор за малтретирање на мажите – ПМС.
- Нам излегувањето ни е секогаш поевтино отколку на мажите. Не само што веројатно помалку ќе испиеме, туку и многу често некој друг ни ги плаќа пијачките.
- Не можеме да бидеме изневерени од сопственото тело во „клучниот“ момент.
- Секоја сезона не е само промена на годишното време, таа за нас значи и сосема нова гардероба.
- Можеме да гледаме фудбалски натпревар без никаква нервоза.
- За нас не претставува никаков проблем да прашаме за насоката, па во возење ретко се губиме, а и да се изгубиме не се срамиме да признаеме.
- Ако се одлучиме за некоја машка професија, сите ќе не сметаат за храбри.
- Можеме да правиме повеќе работи одеднаш.
- Можеме да правиме сè што прават денешните мажи, дури и на високи потпетици.
- Можеме и знаеме да признаеме кога не сме во право и да се извиниме кога ќе погрешиме.
- Понекогаш чоколадото ни ги решава сите проблеми
Очекуваме контра удар од машка гледна точка. Слободно испратете ни ги фактите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. :-)