Татко му бил во затвор за убиство, мајка му била зависна од хероин – Тешкото детство на „најзгодниот затвореник во светот“
Џереми Микс, попознат како „најзгодниот затвореник во светот“, денес е успешен модел и горд татко на два сина. Но, пред да стане сензација поради полициска фотка, многупати одел во затвор, бил дел од банда, па дури и бил застрелан.
Џереми Мик стана светска сензација во 2014 година, откако на социјалните мрежи почна да се споделува негова полициска фотка направена по апсење.
Веднаш беше прогласен за „најзгодниот затвореник“, а оваа неочекувана слава направи пресврт во неговиот живот.
Џереми паметно си ја искористи популарноста, почна да работи како модел, а беше и во врска со богатата наследничка на Topshop, Клои Грин со која доби и дете.
Иако денес се држи настрана од конфликти и судири со законот, патот до успехот на Џереми бил сè освен лесен.
Неколку факти за животот на Џереми пред да се прослави:
Неговите родители биле зависници
Џереми е роден во 1984 година, во период кога во САД владеела епидемија на зависност од дрога.
Ова го почувствувал и на своја кожа, бидејќи неговите родители биле зависници.
„Имав многу, многу тешко детство. Мајка ми и татко ми беа зависи од хероин.
Не е лесно да се расте во семејство зависници. Морав да пораснам многу рано, да се грижам за себе, но и за моите родители“.
Татко му бил осуден и за убиство и поминал 33 години во затвор, сè до 2017-та.
На денот на убиството, Џереми имал само девет месеци, а неговите родители биле разделени.
Сакајќи да ги најде, татко му ја нападнал најдобрата другарка на мајка му и ја убил.
Пред неколку години, Џереми откри дека до денес го избегнува татко му и не сака никакво контакт со него.
Во младоста бил дел од банда
Џереми не крие дека во младоста носел многу лоши одлуки, а вели дека околината во којашто пораснал имала удел во тоа.
Во шесто одделение, тој и мајка му се преселиле во Лос Анџелес и овде почнале неговите проблеми со законот.
„Почнав да се тепам и брзо научив за банди и сè поврзано со нив.
Веќе на 15-годишна возраст избегав од дома и живеев на улица“.
Истата година, тој бил испратен во поправен дом за малолетници, а откако го ослободиле, бил застрелан петпати и истепан од членови на противничка банда.
Севкупно, во младоста, Џереми поминал речиси десет години зад решетки.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





