„Понекогаш тревата е позелена затоа што е вештачка“ и уште 12 цитати за охрабрување
„Твојот нормален ден е нечиј сон, па биди благодарен/на“. „Луѓето кои ти велат дека не можеш најчесто се оние кои се исплашени дека можеш“.
Доколку на моменти ви недостига мотив, инспирација, дисциплина, заследете го Инстаграм профилот „Mindset Тherapy“, кој го следат речиси 9 милиони луѓе, а на кој ќе ја пронајдете потребната доза поттик.
Поттик за да не се откажете, да успеете и да бидете подобра верзија од тоа што бевте вчера.
Инспиративни цитати оттаму:
„Твојот нормален ден е нечиј сон, па биди благодарен/на“.
„Понекогаш тревата е позелена затоа што е вештачка“.
„Остани зафатен/а за да немаш време да бидеш тажен/а“.
„Луѓето кои ти велат дека не можеш најчесто се оние кои се исплашени дека можеш“.
„Ништо не те убива побрзо отколку сопствениот ум. Не биди под стрес за работи кои се надвор од твоја контрола“.
„Ти си твоја одговорност, никој нема да дојде да те спаси“.
„Затвори го прозорецот кој те повредува, без разлика колку е убав погледот“.
„Дисциплината е мостот помеѓу целите и реализацијата“.
„Држи се до планот, не до расположението“.
„Самодисциплината е тоа што те прави незапирлив/а“.
„Совршени луѓе не постојат. Дури и да постоеја ќе беа здодевни. Несовршеноста е тоа што го прави животот забавен“.
„Вратите се отвораат, чекањето не беше казна, туку подготовка“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com