Низок е поради ретко нарушување, ја изневерил сопругата: Факти за Дени Девито
Мајкл Даглас му е најдобар пријател
Дени Девито се преселил во Њујорк во 1960-тите, а цимер му бил никој друг туку Мајкл Даглас.
Дени неколкупати има истакнато дека тој му е најстариот пријател во Холивуд, но и дека му помогнал во кариерата.
„Мајкл ми беше добар пријател. Јас бев ѕвезда во серијата Taxi, но тој ми помогна да ја добијам улогата во филмот Romancing the Stone и да се прославам.
Има многу себични луѓе кои не би го направиле тоа, но гестот на Мајкл ми помогна да се пробијам“.
Во брак е, но со сопругата се разделени
Дени Девито се венча со Реа Перлман во 1970 година. И Реа е актерка, а со Дени заедно глумеа во Matilda.
Тие го имаа едниот од најдолгите бракови во Холивуд, но во 2012-та, по повеќе од четири децении заедно, најавија дека се разделуваат.
Следната година пробаа да ја спасат врската, но безуспешно.
Иако се разделени, Дени и Реа официјално уште се во брак, а велат дека е премногу комплицирано да минуваат низ развод.
Реа, пак, има изјавено дека сега се и во подобар однос бидејќи ја нема тензијата која доаѓа со романтичните врски.
Гласини за неверство
Причината за разделбата на Дени и Реа не е позната, но постојат шпекулации дека актерот ја изневерил.
Наводно, Дени имал афера со млада актерка на која ѝ ветил дека ќе ја направи ѕвезда ако спие со него.
Според други гласини, на Реа ѝ пречело тоа што Дени постојано флертувал со други жени.
Сепак, овие шпекулации не се потврдени.
Во поново интервју, Реа само спомна дека имало многу причини зошто се разделиле, но дека не сака да зборува за тоа.
Има три деца
Дени и Реа добија три деца – ќерките Луси и Грејс и синот Џејкоб.
41-годишната Луси е актерка, исто како родителите.
Сестра ѝ Грејс (39) од друга страна, се држи настрана од јавноста и е уметник.
37-годишниот Џејкоб, пак, е активен во забавната индустрија, но како продуцент и режисер.
Спирова С. | Црнобело