Низок е поради ретко нарушување, ја изневерил сопругата: Факти за Дени Девито
Пред да се прослави, работел како фризер во салонот на сестра му. Во брак е од 1970-та и иако со сопругата се разделени, не планираат да се разведуваат.
Дени Девито си ја зацврсти репутацијата како еден од најдобрите и најомилените актери од Холивуд.
Препознатлив е по семејните филмови, како Matilda, за кои вели дека му се омилени проекти, но доста се истакна и со талентот за хумор во ситком серијата It’s Always Sunny in Philadelphia.
Покрај завидната кариера, Дени е познат и по специфичниот изглед, односно неговата висина.
А, смета дека висината можеби и му помогнала бидејќи, како што вели самиот – кој режисер не би го запомнил нискиот актер?
Во продолжение неколку факти за Дени Девито:
Роден е со генетско нарушување
Веќе ја спомнавме висината на Дени Девито.
Актерот е висок само 147 сантиметри, а ова се должи на ретко генетско нарушување, познато како мултипла епифизна дисплазија, кое има влијание на растот на коските.
А, покрај влијанието на висината, болеста може да биде причина за искривување на ’рбетот, болки во зглобовите, како и ран артритис.
Актерот вели дека имал среќа да не биде малтретиран во детството за својата висина, но свесен е дека ова го ограничува за некои улоги.
Татко му бил алкохоличар
Мајката на Дени Девито имала 40 години кога го родила, а веќе имала и две ќерки тинејџерки.
Па, неговото раѓање воопшто не било очекувано.
„Не го сакав, но денес сум горда на него“, има изјавено мајка му во една пригода.
Татко му, пак, бил алкохоличар.
„Татко ми имаше проблем со пиењето, тоа му беше болест.
Во текот на денот тој беше прекрасна личност. Но, штом ќе се напиеше, одеше во крајност“, има изјавено актерот.
Си заминал од дома на 14-годишна возраст
Алкохолизмот на татко му е една од причините зошто Дени Девито одлучил да го напушти семејниот дом на 14-годишна возраст.
Истовремено, сакал да побегне од средина каде што многумина користеле хероин и биле зависници од други наркотици.
„Некои користеа лекови украдени од аптека.
Мој близок пријател заврши во затвор каде што умре. И, ова не се случуваше така ретко“, сподели актерот во интервју.
Работел како фризер пред да стане актер
Актерот откри дека го научил занаетот од сестра му.
„Сестра ми беше 16 години постара од мене и имаше салон за убавина.
Ми понуди да работам за неа. Малку ми беше срам, но сепак отидов. Сестра ми дури и ми ја плати обуката“.
По некое време работење во салонот, Дени ги проширил своите услуги – почнал да им прави фризури на мртви жени.
„Сестра ми имаше и посебна клиентела. Кога повозрасните дами ќе починеа, сакаа да имаат убави фризури. Па, одев во мртовечницата. Малку е морбидно…“