Хумористични факти за бракот
На тема брак и шеговити заклучоци на оваа тема, еве што има кажано Душко Радовиќ, препознатлив по својот хумористичен начин на пишување.
Жените кои добро се омажиле, одат на работа со кола. Ги возат мажите кои лошо се ожениле.
Еден самокритичен пријател размислува вака: Не ми треба таква жена која би се согласила да се омажи за мене.
Немојте да бидете себични. Споделете го својот маж или жена со оние кои ги немаат.
Законот вели дека мажот и жената во брачна заедница се рамноправни. А, тоа може да се каже и поубаво: Зголемете ги своите обврски за да не ги загрозувате правата на другиот.
Сабота е ден кога се бањаат мажите кои ги сакаат своите жени.
Зошто му треба разводот на човекот? Пред се затоа што е оженет, а потоа и за некои други причини.