Факти за Бенхамин Рохас: Беше во врска со Марица од „Млади бунтовници“, сакал да биде рагбист
Низ годините, актерот имал неколку врски. Додека се емитуваше серијата „Млади бунтовници“, тој беше во врска со колешката Камила Бордонаба (Марица). Но, кратко по завршувањето на серијата, дојде крајот и на нивната врска. Факти за Бенхамин Рохас, попознат како Пабло од „Млади бунтовници“
Кај нас, „Млади бунтовници“ е серија што одбележа цела генерација.
Во раните 2000-ти, веројатно немаше основец и средношколец што не ја следеше приказната за Миа, Мануел, Пабло и Марица, како и нивните соученици во елитната гимназија.
Еден од милениците на публиката беше синоокиот Пабло кој го глумеше Бенхамин Рохас.
Веројатно денес не го следите неговиот живот, но актерот и музичар сè уште е активен и популарен во родната Аргентина.
Неколку факти за него:
Бенхамин Рохас е роден во 1985-та во Аргентина. Ја почнал кариерата на само 11 години, како дел од детската музичка група Mambru. Во детството се појавувал и во разни реклами.
Актерот сакал да стане рагбист, но кога почнал да забележува успех во забавната индустрија, се откажал од овој сон.
Уште во тинејџерските години почнал да се прославува во Аргентина благодарение на серијата Chiquititas, а стекна светска слава со хит-серијата Rebelde Way, односно „Млади бунтовници“.
Дел од „Млади бунтовници“ беше и музичката група Erreway која беше исто популарна колку и самата серија, а ја сочинуваа четворицата главни актери.
По серијата, но и појавувањето во уште некои серии, Бенхамин си го зацврсти статусот како еден од најпопуларните актери (и музичари) од Аргентина.