Бил насилен алкохоличар, се дружел со мафијаши, организирал оргии – Бурниот живот на Френк Синатра
Френк Синатра не завршил средно бидејќи бил избркан од училиштето. До 25-годишна возраст била алкохоличар и зависник од дрога, а редовно ги изневерувал сите четири сопруги. Каков бил шармантниот пејач во приватниот живот?
Повеќе од две децении по неговата смрт, Френк Синатра сè уште е име што го знаат сите.
Како еден од најпопуларните пејачи од 20-тиот век, Синатра бил миленик на многу жени ширум светот и повеќето го гледале како идеален маж.
Но, зад шармантна насмевка и небесно сините очи се криела личност која била сè, освен совршена.
Од зависности и оргии, па сè до вмешаност со мафијата, неколку бурни детали од животот на Френк Синатра:
Роден во 1915 година во САД, Френк Синатра бил дете на доселеници од Италија.
Татко му бил поранешен боксер и пожарникар, додека мајка му била домаќинка.
А, самиот пејач изјавил дека бил „смртно преплашен од неа“ бидејќи во текот на детството го тепала.
Синатра не завршил средно – бил избркан од училиште само 47 дена откако се запишал. Наводно, бил непослушен, а според директорот на училиштето, немал талент за апсолутно ништо.
По ова, тој почнал да настапува по локали, а до 25-тиот роденден, веќе бил алкохоличар.
Младиот пејач редовно користел и дрога, а имал и опсесивно компулсивно нарушување.
Според некои гласини, поради нарушувањето, тој си ја менувал долната облека 20 пати дневно.
Истото нарушување му предизвикувало и изливи на бес, па пејачот честопати почнувал тепачки не само со кого било, туку и со новинари и фотографи.
Во една пригода, му платил на келнер 50 долари за да му удри бокс на новинар од Vanity Fair поради несогласување
Кога имал вакви епизоди, тој се заканувал и со убиство, дури и на неговите сакани. А, бидејќи сите знаеле дека се дружи со мафијаши, овие закани и не биле така „празни“.
На 24-годишна возраст, Синатра се венчал со првата сопруга – Ненси – со која добил три деца.
И, уште на почетокот на врската постојано ја изневерувал. Всушност, тој добил дете со друга, помлада двојка, и пред да се венча со Ненси.
Синатра почнал афера и со Ава Гарднер, а кога ѝ признал на Ненси, таа го оставила.