Шпекулации за љубовна врска со Шакира, родителите му се славни бодибилдери: Што знаеме за Алфи од Emily in Paris?

Беше доволно само кратко појавување во една епизода на Emily in Paris, за Лусиен Лависконт да стане миленик на жените ширум светот. Што знаеме за актерот со заводлив поглед?

reklamiral-obleka-na-dejvid-bekam-na-10-godini-roditelite-mu-se-slavni-bodibilderi-shto-znaeme-za-alfi-od-emily-in-paris-01.jpg

Веќе неколку години Лусиен Лависконт е миленик на женската публика. Улогата на Алфи во хит серијата Emily in Paris му донесе популарност, каква што не замислувал дека ќе стекне еден ден, иако со години пробувал да стане славен.

Денес, овој шармантен актер со заводлив поглед има сè што посакувал - филмска кариера која оди по нагорна линија, модни ангажмани и, според светските таблоиди - во љубовна врска е со Шакира, иако ниту тој, ниту пејачката не ги потврдија или демантираа пишувањата.

reklamiral-obleka-na-dejvid-bekam-na-10-godini-roditelite-mu-se-slavni-bodibilderi-shto-znaeme-za-alfi-od-emily-in-paris-11.jpg

Што знаеме за Лусиен?

Роден е на 9 јуни 1992 во Барнли, Англија и неодамна наполни 32 години.

reklamiral-obleka-na-dejvid-bekam-na-10-godini-roditelite-mu-se-slavni-bodibilderi-shto-znaeme-za-alfi-od-emily-in-paris-06.jpg

Тој е со мешано етничко потекло.

Мајка му е Британка, а татко му од Антигва.

Неговите родители се познати бодибилдери и се запознале на натпревар, на кој мајка му се натпреварувала, а татко му бил судија.

reklamiral-obleka-na-dejvid-bekam-na-10-godini-roditelite-mu-se-slavni-bodibilderi-shto-znaeme-za-alfi-od-emily-in-paris-04.jpg

Веќе следниот ден излегле на љубовен состанок, и тој ѝ признал дека не ѝ дал највисока оценка, туку ја рангирал на 2-ро место од сите жени што се натпреварувале.

Родителите на Лусиен се заедно скоро 40 години, но се венчале лани, по скоро 39 години љубов.

Актерот има уште двајца браќа - Луис и Џулс.

reklamiral-obleka-na-dejvid-bekam-na-10-godini-roditelite-mu-se-slavni-bodibilderi-shto-znaeme-za-alfi-od-emily-in-paris-15.jpg

На 10 години ја снимил својата прва реклама.

Го открила агентка за таленти, која го видела во продавница со мајка му и ѝ предложила да го донесе Лусиен на аудиција.

Аудицијата била за кампања на Marks & Spencer, за нивната нова колекција за деца која за нив ја дизајнирал Дејвид Бекам.

reklamiral-obleka-na-dejvid-bekam-na-10-godini-roditelite-mu-se-slavni-bodibilderi-shto-znaeme-za-alfi-od-emily-in-paris-12.jpg

И првата улога ја добил на 10 години, во серијата Clocking Off.

Во средно училиште се запишал во драмската секција и тогаш сфатил дека сака глумата да му биде професија, а не само хоби.

reklamiral-obleka-na-dejvid-bekam-na-10-godini-roditelite-mu-se-slavni-bodibilderi-shto-znaeme-za-alfi-od-emily-in-paris-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg