Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин
Неколку години подоцна Александар почнал да работи како главен дизајнер во модната куќа Givenchy, а на оваа позиција во 1996, 1997, и 2001 година ја добил наградата Британски дизајнер на годината.
Во 2001-ва година Gucci откупил 51 отсто од акциите на приватната компанија на Александар, со што му се остварил патот да стане поуспешен од кога било.
Иако на модната писта преставувал модели наменети за високата класа, оние што го познаваат велат дека Александар бил горд на своите скромни корени и тоа сакал да го покаже во облекувањето. Често знаел да се појави во карирана кошула и искинати фармерки.
Додека успесите се нижеле на професионален план, животот на Александар бил проследен со низа падови.
Во 1997-мата година Александар раскинал со Ендрју, но тие и понатаму останале пријатели.
Во 2000-тата година на церемонија на брод се оженил со партнерот Џорџ Форсит, но тој брак не траел долго. Тие двајца се разделиле по само една година заеднички живот.
Во една пригода Џорџ раскажа дека животот на Александар се состоел од забави со познати личности, исполнeти со дрогa и алкохол и ниту еден вистински пријател до него.
Во 2007-ма година неговата менторка Изабела Блоу извршила самоубиство со отров за трева. Оваа вест сериозно го погодила дизајнерот, откако претходно се ширеле гласини дека нивниот однос се влошил заради договорот со Gucci.
Наводно, Изабела имала големи финансиски проблеми, се борела со неплодност, а не ѝ се допаѓало тоа што Александар Меквин не ја зел со себе во мигот кога ја продал компанијата на Gucci. „Сите добиле договор, а таа добила бесплатен фустан“...
Инаку, Александар често бил нарекуван „хулиган во британската мода“, а се верува дека имал големи проблеми со користењето дроги и опојни супстанци. Според изјави на негови блиски личности, тој се јавувал и барал нови дози кокаин што ќе му помогнат да работи по цела ноќ и следниот ден.
Во февруари 2010-та година, почина мајката на Александар, Џојс, што се смета за клучен момент кој ќе доведе до епилогот што подоцна ќе се случи.
Само една недела по нејзината смрт, на 11-ти февруари, Александар бил најден обесен во неговиот дом во Лондон. Според токсиколошките наоди, во организмот на 40-годишниот дизајнер било најдено поголемо количество кокаин и лекови за смирување.
Тој бил најден обесен во спалната соба, каде кога стигнала хигиеничарката, сѐ уште горела свеќа.
Александар оставил проштално писмо во кое пишувало:
„Простете, ве молам грижете се за моите кучиња... Ве сакам... Ли“, а неговиот лаптоп бил отворен и на него се гледал пребарувач во кој било напишано прашањето: „Кога некој ќе си ги исече вените колку време поминува пред да умре?“
Инаку, Александар починал само еден ден пред погребот на неговата мајка, а според извештаите тој имал долга историја на суицидни мисли, самоповредување, инсомнија и користење опијати.
Б. С. Б. | Црнобело