Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер?
Бил згрозен од разорната моќ на атомските бомби што ги создал, живеел со голема грижа на совеста по нападите врз Хирошима и Нагасаки – Кој бил Роберт Опенхајмер, физичарот според чијшто живот е снимен филмот што го доби Оскарот за најдобар филм?
Филмот Oppenheimer на режисерот Кристофер Нолан, ја доби наградата за најдобар филм на „Оскари 2024“, а малкумина знаат дека всушност станува збор за биографски филм, снимен според приказната за Јулиус Роберт Опенхајмер, познат научник и физичар кој бил одговорен за Операцијата Менхетн.
Овој проект бил актуелен за време на Втората светска војна, а негова главна цел била производството на првите нуклеарни оружја.
Опенхајмер во тоа време бил директор на Лабораторијата Лос Аламос, која прва ги дизајнирала бомбите.
Во продолжение повеќе биографски факти за научникот Опенхајмер:
Јулиус Роберт Опенхајмер бил син на германски доселеник со еврејско потекло, кој работел во текстилната индустрија, а неговата мајка Ела Фридман била сликарка која потекнувала од њујоршко семејство кое живеело во градот со генерации наназад.
Тој дипломирал на универзитетот Харвард во 1922-ра година на катедрата за хемија.
Потоа, во 1925-та година заминал на колеџот Кембриџ во Англија за да студира на лабораторијата Кевендиш, но по една година заминал да студира со нобеловецот Макс Борн на Институтот за теоретска физика на универзитетот Гетинген во Германија.
Токму тука, тој ќе се запознае со голем број научници со кои заедно ќе работи на проектот Менхетн.