Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари
Енцо немал многу време да „глуми плејбој“ поради бројните работни обврски. Но, тоа не значи дека се откажал од неверствата. Односно, наоѓал начин да ги вметне во натрупаниот распоред.
Според некои извори, тој трипати неделно спиел со по една девојка која работела во неговата фабрика.
Во 1945-та, тој добил и дете со љубовницата Лина Ларди.
Во доцните 1950-ти, Енцо си нашол уште една љубовница. Притоа, останал во брак со Лора, а продолжил и да се гледа со Лина.
Секако, овде биле и кратките авантури со бројни други девојки.
Втората љубовница на Енцо била Фиама Брески, која му била девојка на тркачот Луиџи Мусо.
Откако Луиџи загинал во трка возејќи за Ferrari, Енцо почнал да ѝ пишува на Фиама.
Првично ѝ пишувал бидејќи сакал да му помогне да ги направи неговите автомобили попривлечни за жени.
Сепак, набрзо пишувањето прераснало во флерт.
„Почна да ме посакува. На почетокот малку затскриено, но подоцна стана јасно. Ми рече дека не можел да си го замисли животот без мене.
Го одбивав, но тој продолжи да ми пишува. Ова траеше со години“, има изјавено Фиама.
На крај, Енцо ја освоил, па таа му станала втората љубовница.
Во 1978 година, сопругата Лора починала. Дури тогаш Енцо признал дека имал афера со Лина (првата љубовница) и дури тогаш го признал синот што го добил од неа.
Кратко по смртта на сопругата, љубовницата и синот се преселиле во неговата куќа.
Токму овој син ја наследи империјата на Енцо и до денес е на чело на компанијата на татко му.
Спирова С. | Црнобело