Ја изневерувал јавно, нејзините разголени фотки ги продал во порно списанија – Како Аристотел Оназис го уништи угледот на Џеки Кенеди?
Нивниот брак станувал неподнослив. На Оназис не му се допаѓало неконтролираното трошење на Џеки, па постојано нарачувал приказни за неа и за нејзиното расипништво во весниците, а таа поднесувала скапи тужби до нив.
Во 1972-ра година, за да стави крај на драмата, грчкиот магнат им дал информации каде ќе биде Џеки за да ја фотографираат додека се сонча гола.
Разголените фотографии на Џеки завршиле во голем број порно магазини, по што нејзината репутација била целосно уништена, а Оназис наместо да ѝ помогне, поднел документи за развод.
Но, парот нема да го заврши бракот по судски пат. Следната 1973-та година работите уште повеќе ќе се влошат, кога синот на Аристотел, Александар ќе загине во авионска несреќа.
Многумина во тоа време ја обвинувале Џеки дека им го донела проклетството на Кенеди во семејството, а само 2 години подоцна во 1975-та и Аристотел починал од пневмонија.
Додека Аристотел лежел во болницата, Џеки не дошла да го посети, туку заминала на скијање во Аспен, а дала упатство во собата никако да не ја пуштаат ниту Марија Калас. Сепак оперската пејачка успеала преку службен лифт да влезе во собата на својот љубовник и да остане со него во последните мигови од животот.
Аристотел починал и ѝ оставил на Џеки годишен приход од само 250.000 долари годишно, што за поранешната прва дама на САД, која била научена да живее во луксуз било неприфатливо.
Таа ја тужела ќерката на Оназис, Кристина и по двегодишни преговори Џеки на крај добила 26 милиони, а се откажала од имотот.
-->
-->
-->
Џеки продолжила и понатаму да го живее животот на висока нога и да биде модна икона, облечена во скапи брендови и со секогаш модерна фризура. Починала во 1994-та година и била погребана заедно со нејзиниот прв сопруг Џон Кенеди.
Прочитајте и Факти за Гркот Аристотел Оназис и проклетството на неговото семејство – беше најбогат човек во светот, се ожени со Џеки Кенеди
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...

Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад
Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...

Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист...
Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...