Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Работи во голема компанија, скриј се зад пулт и биди нефункционален – сон за кариера во Македонија“

Сон на (голем дел од) работниците во Македонија: Да поминат по линија на најмал отпор. Да не се „потрошат“. Да седат бесполезно. Да бројат часови до крај на ден. Да сработат денес ако може помалку од вчера. А утре? Помалку од денес! Но, се разбира, чест на исклучоците - и кај нас постојат вистински работници за пример....

raboti-vo-golema-kompanija-skrij-se-zad-pult-i-bidi-nefunkcionalen-son-za-kariera-vo-makedonija-01.jpg

Многу луѓе во Македонија сонуваат да работат најмалку, ако може и воопшто, да земаат просечна плата и по можност да се невидливи на работа.

Функционалност и корисност од нив? Сведена на нула.

Ако може да се сокријат позади некое биро или пулт и да не придонесат ништо... Супер!

Да се земе платиче на први.

„Не е тоа моја работа.“

„Нема да кревам на телефон, што не крене колегата?“

„Нема да објаснам, што не објасни колегата?“

„Немам процент од тоа, зошто да се трудам да го продадам, што ако е продукт на мојата компанија?“

Желба им е да бидат невидливи, наместо да доминираат и да се истакнат.

Да поминат по линија на најмал отпор.

Да не се потрошат.

Да седат бесполезно.

Да бројат часови до крај на ден.

Да сработат денес ако може помалку од вчера.

А утре? Утре помалку и од денес!

Да ти побараат документи (непотребни), да те префрлат на другиот сектор, да се трудат сo сè што е во нивна моќ за да не ти завршат работа – тебе, како клиент.

Ниту има грижа за корисници, ниту грижа за подобро утре на компанијата.

Сокриени како стаорци под биро, буквално.

И затоа така кај нас сè е на туркање и нефункционално.

Ако дадеш повеќе од себе – нема да се потрошиш! Ќе пораснеш и интелектуално и енергетски и како кадар.

А и работата е дел од убавината на животот, нешто што прави да си исполнет и полезен...

Поразговарајте си со некој пензионер и конечно пронајдете си страст и љубов за тоа што го работите. Или сменете ја работата, не тормозете народ, и работете нешто што го сакате.

Задоволство? Ќе има! Ефикасност? Уште повеќе...

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Луди работи кои ги правевме во времето на „Млади бунтовници“ (денешните деца нема да ги разберат) Праќавме СМС пораки за кратка содржина за новата епизода, собиравме постери и сл...
Ми недостигаат „Новите Години“ кога тортите беа несовршени, а елките не беа „во тон“ Празничната еуфорија е тука и топло ни е на душата секоја година во овој период,...
Васил Гарванлиев за CRNOBELO лексикон: „Џејсон прави најубава мусака, ја надмина дури и мама“ „Идол ми е мама. Цел живот го ризикуваше за да ни овозможи да сме тоа што сме со...
Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...
Македонската естрада се разбуди од „зимски сон“ - браво, ме вративте во најубавите времиња на нашата... Времето на хибернација заврши, а македонската естрада како да се разбуди од „зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg