Машка логика

Некој човек решил да се жени. Се двоумел меѓу три слични кандидатки. Се решил да и поклони на секоја по 5.000 евра и да види како ќе ги искористат.

maska-logika-001.jpg

Првата отишла во салон за разубавување. Си ја средила косата, телото, се нашминкала, дотерала, купила нови алишта, високи потпетици, чанта и се средила убаво. Му рекла дека сето тоа го направила за да му биде попривлечна, бидејќи го сака многу.

Човекот бил импресиониран.

Другата жена отишла да му купи подароци. Му купила стапови за голф, нови додатоци за компјутерот, скапа облека. Му ги дала подароците и му рекла дека ги потрошила сите тие пари на него затоа што многу го сака.

Повторно бил импресиониран.

Третата жена ги вложила парите на берза. Заработила неколку пати повеќе отколку што вложила. Му вратила 5000 евра, а останатото го ставила на заедничка сметка. Рекла дека сака да вложува во нивната заедничка иднина бидејќи го сака многу.

Секако, повторно бил импресиониран.

Долго размислувал за парите, жените, за тоа што направиле со парите и конечно се одлучил.

Се оженил за онаа со најголеми гради.

Такви се мажите.

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg