15 мали, но значајни промени, кои ќе нѐ направат посреќни и позадоволни од себе

Повеќе време да посветиме на менталната хигиена, а помалку да се правдаме за своите постапки и ставови - листа од 15 промени, во која секој ќе се пронајде во некој сегмент.

15-mali-no-znachajni-promeni-koi-kje-ne-napravat-posrekjni-i-pozadovolni-od-sebe-01.jpg

Како и да ги свртиме нештата, генерално треба да сме благодарни за секој изминат ден и за секој миг поминат во добро или лошо со блиските луѓе.

Но...

Понекогаш сфаќаме дека премногу се даваме себеси, a ова може да ни е ментален поттик да свртиме нов лист и да почнеме повеќе да се грижиме за себе, колку и да звучи тоа себично.

Дали и вие се чувствувате преморено од угодување на сите околу себе?

Дали се наоѓате во ситуација како се ставате себеси на последно место, за сметка на желбите на не толку битни луѓе?

Дали станавте свесни дека „енергетските вампири“ околу вас не знаат за доста додека ве оптоваруваат со своите животи и проблеми?

Веројатно со годините доаѓа и зрелоста и полека учиме повеќе да се цениме себе.

Затоа, си ветив дека ќе направам неколку промени во мојот живот, кои знам дека ќе ми помогнат да бидам посреќна и сметам дека секој човек, кој сака барем малку да го подобри квалитетот на сопствениот живот, треба да почне со вметнување мали, но значајни промени.

15-mali-no-znachajni-promeni-koi-kje-ne-napravat-posrekjni-i-pozadovolni-od-sebe-02.jpg

Ова е мојата листа од 15 промени, во која секој ќе се пронајде во некој сегмент:

1. Помалку да бидеме толерантни

2. Помалку да се правдаме за своите постапки и ставови

3. Повеќе време да посветиме на менталната хигиена

4. Да не избегнуваме физичка активност

5. Да спиеме доволно

6. Да имаме повеќе секс

7. Да излегуваме почесто со друштвата кое нѐ прават насмеани и среќни

8. Да немаме грижа на совест кога ќе кажаме „НЕ“

9. Да не прифаќаме дополнителни работни задачи за истата плата

10. Да патуваме ако ни дозволат финансиите

11. Да не чистиме кога мораме, туку кога сакаме

12. Гласно да си го кажуваме тоа што го мислиме

13. Никогаш повеќе да не се извинуваме за туѓите грешки

14. Да престанеме да им служиме на сите околу нас само како личности за итни случаи кога треба да се реши некој проблем

15. Да се сакаме повеќе себеси, зашто инаку ни луѓето околу нас нема да нѐ сакаат!

Јас одлучно велам: Не сметајте на старата јас, овојпат сум посилна и решена да живеам пред сѐ за себе!

Што вие би промениле во вашите животи?

Дали имате сила и храброст да свртите нов лист и да живеете по свои правила?

Кара | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg