Леонардо да Винчи: Како да го искористите времето?
Ако барате совети како добро да го искористите своето време и да ја зголемите продуктивноста, одличен извор на инспирација и мудри зборови е Леонардо да Винчи.
Автор е на некои од најголемите уметнички дела како Мона Лиза и Тајната вечера, неговите дневници се полни со идеi за разни изуми како хидрауличната пумпа, хеликоптер, а меѓу другото бил и анатом, ботаничар и музичар.
1. Работете.
„Импресионирам сум од потребата за правење дела. Знаењето не е доволно, мора и да го применуваме. Да се има волја не е доволно, мора и да се работи.“
Нема начин нешто да се направи само со размислување и желба за одредени резултати. Мора да дејствувате. Размислете колку време поминувате не правејќи ништо (гледајќи ТВ), колку размислувате и планирате, а колку работите. За почеток наполнете се со ентузијазам, гледајте на позитивната страна на ситуацијата, а потоа градете на оваа основа.
2. Бидете доследни.
„Железото ‘рѓосува кога е запуштено, стоената вода ја губи чистотата, а на ладно време се замрзнува. На ист начин и неподвижноста ја уништува силата на умот.“
Морате да бидете упорни и доследни. Така можете да направите речиси сè. Една од најчестите причини зошто луѓето не го остваруваат она што го сакаат, е затоа што не сакаат да продолжат. Во саморазвојот, доследноста и упорноста не се најпривлечното нешто, но се најверојатно најкорисни.
3. Заобиколете ги препреките.
„Препреките не можат да ме скршат. Оној кој е насочен кон ѕвездите, не може да ја промени целта.“
Препреките можат лесно да ве обесхрабрат, но најголемите препреки се најчесто во вашите мисли. Заради ова, паметно е да ги ревидирате своите претпоставки. Можеби мислите како е нешто потешко отколку што навистина изгледа. Барајте начин да ги заобиколите препреките, сè додека не најдете.
4. Што е важно за вас?
„Време има доволно, за секој кој сака да го користи.“
Секогаш има доволно време, но важно е да препознаете што е значајно за вас и врз основа на ова да ги темелите сите акции. Ако не сте сигурни што сакате, треба да се обидувате. Искуството ве прави помудри – полесно препознавате што сакате, а што не сакате.
5. Сконцентрирајте се.
„Како што секое поделено кралство паѓа, така и умот поделен меѓу многу теми е збунет и исцрпен.“
Тоа не значи дека треба да се занимавате само со една работа, туку баш напротив. Но, додека правите едно нешто, посветете се потполно. Паметно распределете го своето време и искористете ги максимално своите најсилни адути.