„Само лекарот што успеал да спаси човечки живот во последен миг знае колку вреди една милисекунда“ - моќна приказна за времето

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден месец, прашај мајка која родила предвремено бебе, на една минута - прашај ја личноста која не стигнала на време да фати автобус, а на милисекунда - прашај го оној доктор кој спасил живот во последен момент. 

Prikazna-za-vremeto-ako-sakas-da-ja-sfatis-vrednosta-na-eden-mesec-prasaj-majka-koja-rodila-predvremeno-bebe-za-vrednosta-na-edna-godina-prasaj-student-koj-ne-fatil-uslov-01.jpg

Секој ден ни носи вкупно 86.400 секунди – време кое лета!

Што ако секој ден на твојата сметка се префрлаат 86.400 евра, но, секое утро, банката го брише оној дел од парите, што не си ги потрошил претходниот ден?

Што би направиле доколку го знаете ова? Веројатно би потрошиле сѐ до последен цент, нели?

Секој од нас има таква сметка во банка. Нејзиното име е време.

А секој ден ти дава 86.400 секунди. Бесценето време кое лета.

Секоја вечер ти се отпишуваат сите оние нешта кои не си ги направил во текот на денот.

Не се пренесува ништо од претходниот ден. Нема заштеда. Ако не го искористиш својот депозит, загубата е само бројка. Изгубени моменти.

Не постои ништо, што се вика утре. Мора да ја живееш сегашноста со денешниот депозит.

Вложи го да искористиш максимум здравје, среќа и успех.

Часовникот никогаш не застанува. Затоа искористи ја секоја минута.

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една година, прашај студент кој не фатил услов за упис.

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден месец, прашај мајка која родила предвремено бебе.

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една седмица, прашај уредник кој е одговорен за весник, портал, телевизија.

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден час, прашај вљубен пар кој брои минути до следната средба.

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една минута, прашај ја личноста која не стигнала навреме да фати автобус.

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една секунда, прашај некого кој за „влакно" избегнал несреќа.

Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на милисекунда, прашај го оној доктор кој спасил живот во последен момент. Буквално.

Часовникот одбројува, а ти не можеш ништо да направиш. Затоа биди покрај оние кои се вредни да бидат дел од твоето време.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg